Во организација на „KAPKA Jewelry“, на 26 септември (среда) со почеток во 20 часот во еден од најстарите музеи во Македонија, Природно – научниот музеј во Скопје ќе биде отворена групна (меѓународна) изложба на современ накит насловена „ФЛОРА вс ФАУНА“.
Петмина извонредни дизајнери ги здружија своите креативни сили и создадоа прекрасни парчиња под заедничко име „Флора вс Фауна“.
Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од тематиката за флората и фауната, направија единствени парчиња накит, кои можат да се погледнат во необичните простории на Природно-научниот музеј.
Постановката ќе биде отворена се до 30 септември и посетителите ќе можат да ја погледнат во овој период од 9 до 16 часот.
– Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно не воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни, кои се избориле да опстанат овде со нас… Инспирација која не понесе нас петмина и не донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со вас – велат дизајнерите на накит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст