Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против К.Ф. (30) и Л.Н. (32), двајцата од Стругам поради основано сомнение дека сториле кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“.
На лицата им е одредена мерка притвор во времетраење до 30 дена.
На 19 септември на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид – Струга од страна на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Охрид на влезот од село Корошишта кон село Волино сопрено е патничко моторно возило „Голф“ во кое биле двете пријавени лица.
По сопирањето едно од лицата излегло од возилото и започнало да трча. Од страна на полициски службеници извршено било легитимирање на лицата и била пронајдена вреќа со 13 пакувања со наркотична дрога марихуана. Извршен е преглед кај наведените лица и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и три мобилни телефони, две сим картички и една рамка од мобилен оператор.
Со лицата е извршен разговор при што првопријавениот посочил дека марихуаната ја купил од непознато лице во Р. Албанија и истата требло да ја продаде на лице во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст