| четврток, 6 декември 2018 |

Липи за црвениот картон на Роналдо: Се работи за халуцинации на помошниот судија

Искусниот италијански тренер, Марчело Липи кој своевремено го водеше и Јувентус, ја искоментира ситуацијата која ја имаше Кристијано Роналдо на мечот против Валенсија, кој потоа доби црвен картон.

Липи се осврна на тоа што и преку повторените снимки целиот свет се уверил дека Роналдо не заслужи црвен картон, но и покрај тоа сигурно ќе го пропушти мечот против тимот на Јанг Бојс.

– Не ми е јасно, како може за мало допирање на противнички играч да исклучите фудбалер. Навистина толку време сум во фудбалот, ова првпат го гледам. Видеата покажаа дека нема ништо, меѓутоа помошниот судија Фриц сигурно имал халуцинации. Веќе сите знаеме дека не може ништо да се промени, но мора во иднина да се внимава на вакви ситуации, изјавил Липи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top