Едногодишно дете ја затворило баба си на балкон и не сакало да ја отвори вратата и покрај нејзините молби. Таа го чувала својот внук, а во еден момент морала да излезе на терасата, кога тој ја затворил вратата зад неа и не сакал да ги слуша нејзините молби да ја отвори вратата. Во трагикомичната ситуација, која вчера се случувала во Осиек, Хрватска, морале да интервенираат и пожарникарите.
Тие стигнале до терасата каде се наоѓала бабата преку соседите, но не можеле да интервенираат на вратата, затоа што детето не сакало да се тргне од стаклената врата.
- Се обидовме да му кажеме да се тргни, но не разбираше. Побаравме помош и од бравар, но додека го чекавме, малиот наеднаш се тргна од вратата, на околу еден метар, легна и заспа на подот. Тогаш пополека, со секири ја подигнавме вратата, внимавајќи да не напукне стаклото – раскажал еден од четвортицата пожарникари кои учествувале во спасувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст