| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на МОТ гостува Словенско младинско гледалишче со претставата „Идиоти“

Со две претстави и изложба во Младинскиот културен центар вечер продолжува 43. „Млад отворен театар“ (МОТ). Од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Сценографии 35“ на Крсте С. Џидров, еден од  еден од најистакнатите македонски сценографи од поновата генерација.

На програмата на МОТ вечер од 20 часот во кино „Фросина“ е претставата „Идиоти“ на Словенско младинско гледалишче, додека од 22 часот во Дансинг салата ќе биде одиграна „Има уште“ на германскиот театар „Кунстлерхаус Муузонтурм“.

„Идиоти“ е според сценариото на познатиот дански режисер Ларс фон Трир. Ја поставува Нина Рајиќ, една од најартикулираните театарски гласови на младата генерација, заедно со посветена група театарски работници.

Наместо да ги прифати стереотипите, „Има уште“ го става во фокусот феминистичкото порно, опишувајќи различни луѓе и задоволства. Претставува вид експеримент, предлог до публиката за заедничко кореографско искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top