Вечерва во 19 часот ќе биде отворена излобжата „Сценографии 35“ на Крсте С. Џидров, еден од најистакнатите македонски сценографи од поновата генерација. Изложбата е во програмата на Младиот отворен театар (МОТ) кој почна синоќа и ќе трае до 28 септември.
Изложбата е ретроспектива на 35-годишната сценографска кариера на авторот. Ќе бидат изложени деведесет паноа со скици, цртежи и фотографии од претстави, како и петнаесетина оригинални скици-цртежи изработени во комбинирана техника (туш, пастел, акварел).
Со изложбата авторот одбележува 35 години од првата изложба на сценографии која во 1985 година ја поставил заедно со Симе Узуновски во галеријата во МКЦ, исто така во рамките на МОТ.
Со појавата на Џидров се покажа дека образованието архитект во областа на сценографијата е предност. Професијата архитект на Џидров му овозможи полесно совладување на просторот, како и поинаков начин на изведба на декорот, кулисите.
– Мислам дека е веќе дојдено до сознание дека архитектите може да дадат визуелно побогата и просторно посодржинска сценогарфија. За мене, ова занимавање со сценогафија е всушност едно интензивно занимавање со архитектурата – вели Џидров.
Тој е автор на безвременските сценогафии на претставите „Дервишот и смртта“, „Крал Лир“, Кога коските доаѓаат доцна“, „Медеја“, „Ревизор“, „Подемот и падот на Кабарето“, „Грев или шприцер“, „Чија си“, „Женски оркестар“, „Дупло дно“, „Вујко Вања“…
Неговите сценогафии се најчесто со темна гама бои, сива, темно виолетова, црна. Употребува архитектонски конструкции како кулиси кои со својата содржина ја илустрираат и да збогатуваат визуелноста на сцената.
Џидров од 1970 година е присутен во македонскиот театар како актер во неформалната култна театарска група „Театар кај Св. Никита Голтарот“, а подоцна и во Театарската работилница при Филозофскиот факултет во Скопје. Таму почнал да изработува сценографија, кукли, маски, реквизити. Во 1982 година режисерот Владимир Милчин го ангажирал заедно со Симе Узуновски за сценографи во Театарот на народностите – Албанска драма, во претставата „Бовча“. Оттогаш Џидров има изработено повеќе од 150 сценографии за театарски претстави и соработувал со над 40 режисери. Неговите сценографии се поставени на 33 театарски сцени, а за некои добил и награди и признанија. на домашни и на меѓународни фестивали.
Изложбата „Сценографии 35“ ќе може да се посети до 28 септември кога и завршува МОТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст