| четврток, 6 декември 2018 |

Алберто Џилардино ја завршува својата фудбалска кариера

Италијанскиот напаѓач, Алберто Џилардино стави крај на неговата фудбалска кариера, пренесоа медиумите во Италија. Светскиот шампион со „азурите“ од 2006 година добил предлог од третолигашот Про Пјаченца, кој решил да го одбие.

Напаѓачот има постигнато 272 гола во кариерата, од кои 188 во Серија А. Во текот на летото Џилдарино почна да зема курсеви за фудбалски тренер.

Ветеранот во својата кариера има освоено и трофеј од Лигата на Шампионите со Милан, а освен тоа се натпреварувал за еден куп италијански тимови како Фиорентина, Верона, Парма, Џенова, Палермо, Емполи, Пескара, Специја, Болоња и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top