| четврток, 6 декември 2018 |

Србија со остри реакции на најавата дека Косово на Нова Година ги укинува граничните контроли со Албанија

Србија побара денеска од Европската Унија да реагира откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави отворање на границата меѓу Косово и Албанија.

– Што ќе биде ако ние ги отвориме границите кон Република Српска?, остро реагираше шефот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. Тој бара итно да реагира шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која е посредник во преговорите меѓу Приштина и Белград.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во текот на денов изјави дека од Нова Година ќе нема физичка бариера меѓу Косово и Албанија. Харадинај се повикал на договорот постигнат со албанскиот премиер Еди Рама. Тој рекол дека и во рамките на Европската Унија не постојат физички граници меѓу земјите членки.

Ѓуриќ на овие најави одговори на прес конференцијата дека веќе има 28 изјави на албански функционери било од Косово или од Албанија , кои најавуваат припојување на нивната јужна територија кон Албанија, овој пат пропратени и со закани за војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top