| четврток, 6 декември 2018 |

Го организирал своето киднапирање зошто сопругата не го пуштала да излезе со другарите

Американецот Рогелио Андверда (34) ос Тексас толку многу сакал да излезе со своите пријатели, па за да си ја исполни желбата и покрај негодувањата од сопругата, тој го лажирал сопственото киднапирање. Сепак, оваа негова одлука скапо го чинела затоа што сега се соочува со сериозни проблеми со законот, а секако и со уште полута сопруга.

Според полицискиот извештај, тој седел во својот дом кога двајца маскирани и наоружани мажи влегле во куќата, го извлекле надвор и заминале со возило без таблички. Жената на Рогелио веднаш повикала полиција, по што била покрената потрага за него.

34-годишникот се вратил дока по два дена, а на сопругата и рекол дека киднаперите го путштиле. Потоа тој бил примен на сосолушување во полиција, каде признал дека „киднапирањето“ било испланирано од него и неговите пријатели, за да може со нив да се забавува и покрај забраната од сопругата.

Оваа неговата авантура го чинела 5 000 долари, казна за лажна пријава и уште неколку обвиненија кои полицијата ги покренала против Андверда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top