Турскиот гигант Фенербахче вечерва го игра својот прв натпревар од групната фаза во Лигата на Европа и тоа на гостувањето кај Динамо од Загреб. Со оглед на тоа што претстојниот викенд се игра големото истанбулско дерби помеѓу Фенер – Бешикташ, тренерот Филип Коку вечерва нема да настапи со најсилните 11 на „Максимир“.
Според италијанските медиуми, на клупата ќе останат Сенер Озбајракли, Роман Нојштадер, како и Андре Ајев и Ислам Слимани, а на нивните места шанса ќе добијат нашиот интернационалец Елиф Елмас, Маурисио Исла, Диего Рејес и Мајкл Фреј.
Натпреварот стартува во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст