| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Мицкоски – Фон дер Лаин: Договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен со начелата и принципите на ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со германската министерка за одбрана, Урсула Фон дер Лаин. На средбата било потенцирано пријателство помеѓу Германија и Република Македонија, како и стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ и државата за членство во ЕУ и НАТО.

На неа се разговарало и за актуелните политички случувања во Македонија и за престојниот референдум. Мицкоски потенцирал дека Договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот.

Соговорниците се согласија дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top