| четврток, 6 декември 2018 |

„Падна“ дилер од Тетово: Додека бегал фрлил пиштол, дома му нашле хероин и хашиш

 

 

Вчера околу 18.30 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“, полициски службеници го забележале Ф.С. (29) од Тетово, кој управувал мотоцикл. Кога се доближиле до него тој почнал да бега и фрлил пиштол „Бровинг“ калибар 7,65 милиметри со рамка со четири куршуми, што ги поседувал без дозвола.

Набргу, потоа тој бил фатен и лишен од слобода. При преглед на мотоциклот, под седиштето бил пронајден и нож. Нешто подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени две дигитални ваги, хероин и хашиш.

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење. Ф.С. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top