Хористка на Македонската опера и балет ноќеска била нападната од непознато лице на влезот од нејзината зграда, за среќа, триесет и петгодишната Зорица Ивановска успеала да се одбрани и да возврати на ударите од напаѓачаот, објави охридскиот портал Охрид1.
Насилникот, според Ивановска, имал околу 20 години, а се сомнева дека истото лице ја нападнало и пред две недели.
– Додека го отклучував влезот во зградата почувствував дека некој доаѓа зад мене. Се свртев и видов како ми приоѓа младо момче. Ми се нафрли, на што јас му возвратив со шамари и клоци. Потоа и тој почна да ме мава по главата и настана буквално тепачка. Во еден момент почнав да вриштам и да го мавам, по што тој побегна – раскажува Ивановска за порталот.
По инцидентот, Ивановска повикала полиција, но напаѓачот веќе бил далеку од нејзиниот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


