| четврток, 6 декември 2018 |

Стојан Андов во 2015: Не треба да го менуваме ниту идентитетот, ниту уставното име, туку треба да најдеме решение за замена на референцата

Како засилување на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ за референдумот закажан за 30 септември, се вклучи и првиот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов.
Во видеоспотот што се емитува на телевизиите, ги повикува граѓаните да излезат на референдум и да гласаат “ЗА” промена на името и влез во НАТО и ЕУ.
Андов, кој во 2015 година велеше дека граѓаните не смеат да одлучуваат за името, сега лицемерно ги повикува гласачите да гласаат и за уставните промени што ќе мора да се случат во наредниот период, погазувајќи ги своите ставови и лични политички принципи.
Во интервју за весникот „Слободен печат“ во 2015 година првиот претседател на Собранието на РМ зборува дека граѓаните не треба да одлучуваат за промена на името и дека не треба да го менуваме името и идентитетот. Дека тоа би била една голема грешка. Отворањето на Уставот би донел дополнителни притисоци и условувања.
“Да одлучува народот, не знам дали СДСМ се свесни што значи тоа. Тоа значи дека на дневен ред се става уставното име, бидејќи народот може да одлучува само за уставно име, што имплицира промена на Уставот и отвора многу врати за дополнителни напади, притисоци и условувања. Се работи за една голема политичка грешка, која можат да ја донесат само луѓе што не се разбираат во политика. Ние во суштина не треба да го менуваме ниту идентитетот, ниту уставното име, туку треба да најдеме решение за замена на референцата. СДСМ исто така е многу затворен за сугестии и луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат. Грешка на раководството на СДСМ е и тоа што не се дистанцираа од системот на владеење на нивната партија од 90-тите, а во сеќавањето на народот не е избришан тој период кога немаше владеење на правото”, збореше тогаш Андов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top