| четврток, 6 декември 2018 |

И Сугарески си ја вработил фризерката?

И министерот Горан Сугарески си ја вработи фризерката по примерот на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацоски, објави Магазин.мк.
Гордана Наумоска фризерка и лична пријателка на министерот Сугарески од неодамна е вработена во детската градинка “Бончејца” во Прилеп.

Очигледно функционерите на СДСМ не можат да одолеат на вршење услуги на своите лични фризерки.

Додека пак според информациите од јавноста, сопругот на фризерката имал фирма вредна неколку милиони евра, па останува нејасно дали Сугарески ја користи истата за испумпување на државни пари преку министерството и дали вработувањето на Наумоска е уште една од меѓусебните услуги?

Пред само еден месец во јавноста изби скандалот генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацоски кој својата фризерка си ја вработи во државната компанија МЕПСО за плата од 40.000 денари.

Инаку прилепските градинки станаа познати во јавноста по скандалозните списоци кои излегоа во јавност на кои како приоритетни згрижувања на деца можеа да се видат имиња на функционери на СДСМ, додека пак дечиња на обичните граѓани чекаат со месеци да бидат згрижени во градинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top