| четврток, 6 декември 2018 |

Поздрав за Македонија и Србија: Ветото за прием во ЕУ нема да се укинува

Европската унија нема да го укине принципот на вето и на консензус за прием на нови членки, пишува „Еуроактив“. Најголeми заговарачи да остане принципот на вето се т.н. „стари членки“ на ЕУ, пред се Германија и Франција, кои на тој начин сакаат да ја имаат контролата врз евентуалното проширување.

Иако можноста за укинување на ветото ја најави првиот човек на ЕК, Жан Клод Јункер од тоа најверојатно нема да има ништо.

Најмногу погодена од оваа одлука ќе биде Србија поради спорот со Косово, но и Македонија која може да биде блокирана од страна на Грција и на Бугарија во текот на преговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top