| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата на Роналдо: Ова е срам за фудбалот, сакаат да го уништат мојот брат!

– Ова е срам за фудбалот, но правдата ќе биде задоволена. Сакаат да го уништат мојот брат, но Господ никогаш не спие – напиша сестрата на Роналдо,  Катиа на Инстаграм.

Најскапиот фудбалер во историјата на Јувентус, Кристијано Роналдо, имаше неславно деби за италијанскиот шампион во Лигата на шампионите.

Некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид по само 29. минути игра на дуелот против Валенсија неспортски, без топка, удри по противнички фудбалери и судијата Феликс Брих веднаш му го покажа патото кон соблекувалната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top