| четврток, 6 декември 2018 |

Компромис со законите нема: Ако помине овој референдум без цензус, да се поништи референдумот од 2004 година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во дебатната емисија Клик Плус на ТВ 21 истакна дека доколку на референдумот за промена на името излезат помалку од 900 илјади гласачи на референдумот тој ќе биде неуспешен.

Тој го посочи референдумот од 2004 година за територијалната поделба на кој 96 проценти од гласачите гласа за, но цензусот не беше исполнет и токму поради тоа референдумот беше прогласен за неуспешен. Според Мицкоски многу е едноставно, законот или го почитувате или не, компромис со законите нема.

-Дали беа доволно гласови 450 илјади гласови за во 2004-та година за да не помине законот за територијалната распределба? Референдумот беше неуспешен. Никој не рече тогаш видете од овие 450 од 460 илјади излезени, 96 проценти беа против територијалната, три, четири проценти беа за. И никој не го сопре процесот, процесот си помина, референдумот беше прогласен за неуспешен. Никому ништо. Многу едноставно или го почитувате законот или не го почитувате. Компромис со законите нема, потенцира Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top