| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Договорот има многу недостатоци, но има три клучни работи зошто е катастрофален

Овој Договор има многу недостатоци, но има три клучни работи зошто е катастрофален, истакна во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ние го губиме институционалниот идентитет што е дел од нашиот национален идентитет и тука никој не може да спори зошто е тоа така. Се самооткажуваме од целокупната предност која во процесот на преговори Република Македонија ја стекнала со Република Грција, а тоа е Резолуцијата на ОН од ’93, времената Спогодба од ’95, и пресудата на Меѓународнито суд каде имаме јасна пресуда дека Македонија не треба да биде блокирана од никого во нејзиното приклучување кон меѓународни инситуции како што се НАТО и ЕУ, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако стане овој Договор ефективен, ние се откажуваме доброволно од овие документи.

-Членот 8 , третиот, вели „ќе формираме Комисија и таа комисија ќе има седум члена од македонската и седум члена од грчката страна и ќе разговараме за историјата, археологијата и образованието“. Да претпоставиме дека ќе помине овој договор, и дојде јуни 2018 година и Македонија и оваа влада ќе почне да работи, сите реформи се случат…секогаш кога нашите експери ќе кажат „не“, тие од другата страна во процесот на преговорите ќе кажат „не“. Односно Македонија од кандидат ќе ја смени својата положба во преговарач, во еден момент ќе се случи блокирање, објасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top