Крокодил од Зоолошката градина во Скопје синоќа избегал од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, објави „Призма.мк“.
Како што пишува порталот крокодилот бил најден во езерото и бил повторно пренесен во своето живеалиште. Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил изутринава не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште и дека треба да се смени ниската ограда.
Во Зоолошката градина во Скопје има два алигатори, мажјак и женка. Синоќа женката останала во своето живеалиште, а мажјакот ја направил ноќната прошетка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст