| четврток, 6 декември 2018 |

Срцето да препукне од тага: Сопругата на Астори се повлече од јавноста, но нејзината последна објава ќе ви натера солзи на очите!

Оваа пролет веста за смртта на фудбалерот на Фиорентина Давиде Астори го заобиколи светот само за неколку секунди.

Капитенот на клубот Астори замина во сон од срцев удар, а зад себе ги остави сопругата Франческа Фиорети и ќерката.

По смртта манекенката која е со потекло од Неапол реши во чест на фановите и клубот да остане во Фиренца заедно со нејзината ќерка.

Таа по смртта на фудбалерот изјави дека градот и жителите и ја дават целосната поддршка и мотив да останат во Фиренца каде што заедно живееја со сопругот Астори кој почина ненадејно на 4 март годинава.

Инаку овие денови италијанските медиуми се навратија на тажната судбина на неговото семејство, особено на неговата сопруга која веќе не користи социјални мрежи и е далеку од очите на јавноста.

Медиумите се загрижени и поради фактот што Франческа од февруари годинава нема споделено фотографија на Инстаграм, а последната објава е од нивната ќерка. Оваа фотографија ќе ви натера солзи на очите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top