| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Читајте ги роковите, во маркетите се продаваат производи со поминат рок, а на акција се ден или два пред истекување

Дали ги читате декларациите на производите? Ги запазувате ли роковите? Знаете ли обично што се крие за производите кои се на акција, во големите маркети?

Се повеќе граѓани стануваат свесни за нивните потрошувачки права и затоа реагираат кога сметаат дека истите им се повредени. Од почетокот на годината најголемиот број на поплаки кои пристигнале биле за услугите во земјоделските и фармацевтските аптеки, банките, а во последно бил зголеме и бројот на жалби по однос на извршниите решенија од извршителите.

-Пред некој ден купив тестенини, кои беа на акција. Ме привлече цената. Имам лоша навика, од брзање, не погледнувам на роковите. Кога отидов дома, прочитав дека рокот на истите им е до наредниот ден. Исто се случи еднаш и со чоколади, кои беа на акција. Сега практикувам да не земам од производите кои се на акција, раскажува Андријана.

-Повеќе пати досега ми се има случено да купам нешто се поминат рок. Еднаш купив кашичка за детето, Дома го запазаив рокот. Им ја вратив, но не добив убави коментари од продавачките. Тие се бранат дека не се виновни, вели Кристина.

Се апелира до граѓаните доколку потрошувачките права се нарушени да им се обратат и ќе бидат упатени до надлежните инспекции како што се пазаришната инспекција, државниот земјоделски инспектпрат , а доколку се работи за извршни решенија тогаш и до народниот правобранител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top