| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеа новороденче родено во 22 недела од бременоста

Бебе родено во 22-та седмица од бременоста, е отпуштено од интензивна нега во американската сојузна држава Алабама, откако мина 160 дена в болница.

Кален Портер тежел само 370 грама непосредно по неговото раѓање во април, четири месеци пред предвидениот термин. Неговите родители Моли и Роберт Портер беа пресреќни гледајќи како медицинската сестра по првпат го вади бебето живо и здраво од собата за интензивна нега, посебно имајќи го предвид тоа што Кален имал само два отсто шанси за преживување.

Упорноста ги натера родителите да се јават во 16 болници заради консултации. На крајот, сепак, се чини се случило чудо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top