| четврток, 6 декември 2018 |

Повисоки септмвриските плати за 4200 вработени во градинките

Владата на Република Македонија на 89 седница одлучи септемврискатаплата на вработените во градинките да биде зголемена з 5%.

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месец септември 2018 година, да ги изврши подготовките за исплата на плата која ќе биде исплатена во месец октомври 2018 година, линеарно зголемена за 5% на коефициентите кои се во применаи да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки согласно обезбедените средства во Буџетот за 2018 година.

Со оваа мерка на Владата на Република Македонија ќе бидат опфатени повеќе од 4200 вработени во предшколското воспитување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top