Компанијата taobao.com, кинескиот најголем интернет огласувач, се надева на голема добивка следниот месец од напливот на милиони сами жени за време на прославувањето на кинеската нова година, период на традиционални семејни собири. Сервисот им нуди „дечко“ кој што би ги продружувал за време на посетите на пријателите и семејствата, на шопинг, во ресторани, дури и е можно „љубезно бакнување“. Сето тоа се наплаќа на час. Според кинеските медиуми во Кина живеат околу 180 милиони сами девојки.
Секако дека оваа услуга ќе им дојде на помош, сите сами девојки вака ќе ги избегнат непријатните прашања, пренесува Блумберг.
„Ги понудив мојте услуги од здодевност, но и ги познавам девојките од работа“, го пренесуваат кинеските медиуми 27 годишникот продавач, кој што минатата година на двапати „бил изнајмен“ од две 28 годишни девојки за семејни прослави. Тој наплаќа 500 американски долари, плус превоз и сместување, како и гардероба. За сега на огласувачот taobao.com може да се најдат 260 понуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


