| четврток, 6 декември 2018 |

Биди вода, и бојкотирај!: Кампања против неуставен референдум (ФОТО)

Граѓанската активистичка матрица Бојкотирам, на денешната прес-конференција ја објави својата кампања против референдумумот, кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година.

Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост: 

Биди вода! И БОЈКОТИРАЈ!

/Како да се бојкотира НЕУСТАВЕН РЕФЕРЕНДУМ/

Кога во одбрана на македонската кауза ги користиме сите напластени знаења и искуства, мораме со нив трезвено да располагаме. Во тој контекст си го поставуваме прашањето – Зошто!? Доколку одговорот е затоа што така се работи, треба да знаеме дека имаме доволно причини постјните правила да ги отфрлиме и да работиме во спротивна насока. Тоа значи да ги гледаме работите надвор од кутијата (Out of the Box). Размислувам, значи БОЈКОТИРАМ! БОЈКОТИРАМ! – тоа е голема игра за СПАС НА МАКЕДОНИЈА. Ајде да се забавуваме и да играме на ПОБЕДА! Тоа ни го овозможува нашата СТРАТЕГИЈА. И, секако, изненадувањето со неочекувани и КРЕАТИВНИ ТАКТИКИ. Сите се изненадени како тоа едноставно и ефикасно дејствува. Тука можеме и да се прилагодуваме, но само на условите и околината. Намерата е понатаму наша, а целите се истите кои претходно сме ги зацртале. И сега, без разлика на овие формални адаптации, мораме храбро да го чуваме јадрото(суштината) на својата комуникациска акција. За ова, Брус Ли, говореше: Бидете вода.

Сета тајна и моќ на динамичните комуникации, кои се основа на модерниот брендинг, можеме да ги најдеме во филозофијата на Брус Ли. Еве ја сржта на таа филозофија: ‘’Испразнете ги своите мисли, бидете без строга форма, безоблични како водата. Истурете ја водата во чаша и таа станува чаша. Истурете ја водата во шише и таа станува шише. Истурете ја водата во чајник и таа станува чајник. Но, водата може да тече и може и силно да удри! Биди вода, пријателе’’.

Оваа своја животна филозофија Брус Ли ја изнесе во едно телевизиско интервју во 1971 година. Тој со познатата мудрост на истокот објасни како е да бидеш најдобар во борбата. При тоа кажа: ‘’Водата е брза, моќна, со леснина се прилагодува на околностите, секогаш го наоѓа патот, не можеш да ја стиснеш…’’. Оваа филозофија сугерира дека техниките и елементите, за постигнување на резултати кои водат до успех се познати, но редоследот и активирањето на конкретниот елемент во вистинско време и на право место се различни. Затоа, Брус Ли пак би рекол: Биди вода пријателе!

Градење на комуникации според принципот: Биди вода

Каква е нашата динамична комуникација во акцијата БОЈКОТИРАМ!. На почетокот се обраќаме само на мал број луѓе. Кога еднаш ќе го привлечеме нивното внимание, комуникациите понатаму ги градиме во обликот на вода. Тие неминовно се шират. И доколку се придржуваме на принципот на вода, нашите динамични комуникации можат да не доведат до големата вода – океанот. На тој пат неопходно да ја почитуваме публиката. А тоа се ГРАЃАНИТЕ. Не само како обични набљудувачи и редовни конзументи, туку и како пријатели. Искрени пријатели. Во таа смисла познатиот Акира Кагами, велеше… ‘’само човекот е важен’’. Така од повремен набљудувач, се создава редовен учесник, од партиципиент, член, а од член следбеник и верник. Верник на БОЈКОТ. Кој верува во бојкотот како спас и затоа БОЈКОТИРА.

Тоа е начинот на кој, најдобро и најсигурно, се добива доброволен промотор на БОЈКОТИРАЈ!. Во кампањата нашите комуникации со граѓаните-гласачи треба да бидат чисти, искрени, директни и да имаат едноставна порака: БОЈКОТИРАМ!, БОЈКОТИРАШ!, БОЈКОТИРА!, БОЈКОТИРАМЕ!, БОЈКОТИРАТЕ!, БОЈКОТИРААТ! СИТЕ ШТО ИСКРЕНО ЈА САКААТ МАКЕДОНИЈА – БОЈКОТИРААТ!. НЕ ИЗЛЕГУВАМ НА ГЛАСАЊЕ!, НЕ ИЗЛЕГУВАШ НА ГЛАСАЊЕ!, НЕ ИЗЛЕГУВА НА ГЛАСАЊЕ!, НЕ ИЗЛЕГУВАМЕ НА ГЛАСАЊЕ!, НЕ ИЗЛЕГУВАТЕ НА ГЛАСАЊЕ!, НЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ГЛАСАЊЕ!.

Тоа се постигнува со голема љубов, искрени намери и извонредна креативност. Креативноста во комуникациите произлегува од целосното разбирање на сегашноста, сериозноста на состојбите, правото и одговорноста да се БОЈКОТИРА!. Да се бојкотира неуставен референдум, за да се одбрани Уставот, и да се сочуваат светлите историски традиции и државотворните придобивки – Република Македонија. Тоа е наш приоритет и импедратив на сегашноста. А сегашноста ја добиваме преку прашањата: Која е нашата публика, што таа работи во конкретниот момент, и секако, што ја интересира и засегнува? Мораме да ги користиме сите комуникациски вештини ако сакаме да изградиме нова, жива, динамична комуникациска акција. Таква која ќе тече како вода. Тоа е ПРИНЦИПОТ ВОДА. Секој бистар извор кој се појавува високо во ридиштата завршува во океанот. Доколку успееме да го разбереме принципот вода, ќе ни биде јасно зошто рокенролот во суштина беше првиот иницијатор на поврзување на сите луѓе со желба да се промене светот. Затоа, мораме да веруваме во моќта на динамичните комуникации. Само тие се гарант на успешен процес на БОЈКОТИРАМ!. И повеќе од тоа. Верувам дека овие комуникации влегуваат во својата нова ренесанса. Погледнете само колку е распространето и прифатено БОЈКОТИРАМ!. И сега, која е магичната формула на акцијата БОЈКОТИРАМ!. Која е магичната формула на нејзиното реализирање. Нели се тоа динамичните комуникации и моќното чувство не само да зборуваш за БОЈКОТИРАМ!, не само да се залагаш за БОЈКОТИРАМ!, туку секојдневно и да го живееш БОЈКОТИРАМ!. Да го живееш како НЕПОКОР; ПРОСТУМ; МАКЕДОНСКА МАСАДА; ТВРДИНА; БЕДЕМ; ШТИТ; ИГНОРИРАМ!; ОТФРЛУВАМ!; НЕПРИФАЌАМ!; СПАС ЗА МОЈОТ ГЛАС!; REFERENDUM? JUST DON’T DO IT!; COGITO, MACEDONIA SUM; BOJKOTIRAM, ERGO SUM; РОКЕНРОЛ БОЈКОТИРАМ!; АНДЕРГРАУНД БОЈКОТИРАМ!. Сето ова, за на крај да биде ЗЕРОРЕНДУМ и ЗЕРОФЕРЕНДУМ – НУЛА ОД РЕФЕРЕНДУМ. Ете тоа е БОЈКОТИРАМ! ЖИВЕЕЊЕ.

Корисни совети за БОЈКОТИРАМ!

Во процесот на БОЈКОТИРАЈ! најпрвин гледај. Потоа прашувај.

Најповеќе слушај. Потоа ВКЛУЧИ СЕ, БИДИ АКТИВЕН И ДЕЈСТВУВАЈ. Организирај, апелирај, убедувај, усогласувај и координирај. Отпочни да создаваш, при што биди креативен.

Сето тоа преку комуникации, комуникации и само комуникации. Со граѓаните-гласачи. ОД ВРАТА НА ВРАТА. ЛИЦЕ ВО ЛИЦЕ. И повторно: Со граѓаните-гласачи, со нив, и само со нив. Тие се СУВЕРЕНОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Суверенитетот ПРОИЗЛЕГУВА ОД ГРАЃАНИТЕ И ИМ ПРИПАЃА НА ГРАЃАНИТЕ.

А тоа значи само едно: БОЈКТИРАЈ! БОЈКОТИРАЈ! БОЈКОТИРАЈ!

Стратегија за кампања на:

СУМ(Сите за унитарна Македонија)

Млади за Македонија

ЗЕРО колектив

Геополитичко ОСИЛО

Сотир Костов, координатор за односи со јавност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top