На регионалниот пат Тетово – село Пирок во село Горно Палчиште, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мицубиши Пајеро“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.А. (36) од село Селце Кеч, тетовско и патничко моторно возило „Форд Транзит“ исто така со тетовски регистарски ознаки управувано од З.М. (39) од село Боговиње, тетовско, во кое се превезувале ученици од село Боговиње.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово, а по укажаната лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Со телесни повреди се здобиле и З.М. и осум патници од возилото “Форд Транзит”. Извршен е увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст