| четврток, 6 декември 2018 |

Почна: Бугарски универзитет влегува во Свети Николе

Универзитетот од Велико Трново (ВТУ) ќе биде прв не само бугарски, туку и странски универзитет, кој ќе отвори филијала во Македонија. Ова го најави ректорот проф. Христо Бонџолов.

Документите за ова веќе се испратени до македонскиот премиер и предлогот се очекува да биде прифатен во рок од еден месец. Универзитетот во Големо Трново ќе има свој оддел на Меѓународниот универзитет на славјански студии во Свети Николе, пренесува бугарски „Монитор“.

Професориот посочи дека до крајот на септември се очекува одлука на македонската влада за отворање на филијалата на ВТУ во Свети Николе, кој ќе биде база на приватниот универзитет за словенски науки.

„Преку Универзитетот на Македонија ќе работиме и со Косово, со Албанија и со Србија. Засега студентите ќе студираат англиска филологија. Целта е двонасочна активна размена: бугарски предавачи да водат курсеви за обука и македонски студенти да студираат во Трново“, објасни проф. Христо Бонџолов.

Во Филијалата на ВТУ во Македонија е најавена обука по англиски јазик на 100 магистри по англиска филологија, регионален развој и информатичка технологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top