| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп за тактиката против ПСЖ: Напаѓавме од страната на Нејмар, тој е многу лош дефанзивец

Германскиот тренер, Јирген Клоп синоќа и се радуваше на победата на својот тим на мечот против ПСЖ (3-2) која на Ливерпул му ја донесе Роберто Фирмињо во судиското продолжение.

Домаќините имаа водство од 2-0 кое не успеаја да го задржат, но сепак успеаја да стигнат до трите бода.

На прес конференцијата по мечот, менаџерот на Ливерпул имаше само пофални зборови за Нејмар, но сепак истакна дека неговата тактика била сведена да се напаѓа неговата страна, бидејќи негова голема слабост е играта во одбрана.

– Беше навистина многу важно да го започнеме мечот онака како што го започнавме. Тие се многу силни и добри со топката во нозе, затоа го променивме системот и тактиката. Ги очекувавме Нејмар на левата крилна позиција и Ди Марија во средината. Имавме јасен фокус и тоа го завршивме фантаситчно. Одлично го покривавме теренот, а кога ја имавме топката, напаѓавме преку десната страна, онаму каде што е Нејмар. Тој е играч од светска класа, но многу лош дефанзивец. Ја искористивме таа негова слабост, посочи Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top