ОКТА, Макпетрол, Телеком, Алкалоид и Арчелор Миттал ЦРМ се дел од 11. македонски компании кои имаат нето-приходи поголеми од една милијарда денари, односно 16,3 милиони евра. Овие бројки се содржани во официјалните податоците на Македонската берза за хартии од вредност, а се однесуваат на финасиските резултати на котираните друштва за првите 6 месеци во 2018 година. Во оваа анализа не се вклучени банките кои што исто така имаат одлични финасиски резултати, пишува Вечерпрес.
Според официјалните бројки на берзата, заедно единаесетте најголеми имаат нето-приход од 760 милиони евра. За првите 6 месеци на македонскиот пазар на капитал објавени се финасиските резултатит на 101 компанија кои што можата да се пофалат дека заедно имаат реализирано нето приход од околу 1,16 милијарди евра.
ОКТА – 197 милиони евра
Макпетрол – 157,8 милиони евра
Мак. телеком – 81,3 милиони евра
Алкалоид (конс.) – 77,8 милиони евра
Арч.Миттал ЦРМ – 53,8 милиони евра
Макстил – 47,8 милиони евра
Пекабеско – 35,4 милиони евра
Усје – 30,6 милиони евра
Фершпед (конс.) – 30,3 милиони евра
Гранит – 28,8 милиони евра
Мермерен комбинат – 19,1 милиони евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст