По искажаниот голем интерес за случајот на актерката Ирена Ристиќ, нејзиниот адвокат Јанаки Митровски со информации за следните чекори што ќе бидат преземени против несовесни и непрофесионални припадници на МВР.
„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица.
Секој полицаец во моментот кога Ве приведува е должен прво да се легитимира, да ве запознае со причините за Вашето приведување на јазик кој го разбирате, да ви даде поуки дека имате право да молчите, да ви даде поуки дека имате право на бранител и да ви овозможи да повикате бранител веднаш.
Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев.
Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за „стручно лице“ да процени по физиономија дали сте пијан (нешто што не поминува на суд) или не, што нема законски основ, прво, а второ е идиотски.
Ја очекуваме Вашата поддршка бидејќи во оваа земја очигледно само така помрднуваат работите.
Само за секунда ставете се во положба од чиста мира овластени службени лица, само поради тоа што тврдат дека сте алкохолизирани, да имаат право да ве влечат по психијатарски болници. Одговорност”, објаснува адвокатот Митровски за случајот Ристиќ, во кој познатата актерка и една од лидерките на Шарената револуција беше приведена и однесена во психијатриската болница во Бардовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст