| четврток, 6 декември 2018 |

ФАЦ: Да се каже вистината – што ако референдумот не успее?

Ако на претстојниот референдум Македонците го отфрлат постигнатиот компромис за спорот за името, нивното влегување во ЕУ и во НАТО ќе биде блокирано за подолг период. Тоа е она што Москва го сака, и затоа очигледно се меша во Македонија, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемаине цајтунг“.

– Русија нема одобрено да се вознемири од предупредувањето на американскиот министер за одбрана Џејмс Матис да не се меша во Македонија. Бидејќи за Москва залогот во оваа земја е многу голем: ако на референдумот на крајот од овој месец тамошните граѓани го отфрлат постигнатиот договор со Грција за името, натамошното приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ ќе биде блокирано за долг период, неведува ФАЦ во анализата за состојбата во Македонија во пресрет на рефрендумот на 30 септември, пренесува МИА.

Весникот оценува дека по пропаднатите напори на Москва да ја спречи Црна Гора, евентуалното отфрлање на договорот за името на претстојниот референдум во Македонија, ќе значи успех за руските планови – да се спречи натамошното проширување на НАТО на Балканот.

– А Москва ќе продолжи во истиот дух – како до пред промената на власта во Скопје минатата година кога ја поддржуваше тогашната авторитарно-националистичката власт во Македонија, која подгрева антизападни расположенија и ја доведе земјата до изолација. Затоа е важно активностите на Москва во Македонија да бидат именувани со нивните вистински имиња. Но, уште поважно е тоа што водечки политичари од ЕУ, вклучувајќи ја и канцеларката Меркел, го направија во последните недели при посетата во Македонија: се обидоа да ги отворат очите на македонските граѓани за големата корист која ќе имаат од решавањето на спорот за името, наведува „Франкфуртер алгемаин цајтунг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top