| четврток, 6 декември 2018 |

Без вода Центар и Драчево

Поради промена на вентил од Ф-2“ на ул. Македонија бб во населбата Центар, утре прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на потегот од улиците: Даме Груев до Димитрие Чуповски и Даме Груев од полициска станица Беко до ул.Македонија.

Како што соопшти ЦУК Скопје по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде во периодот од 09:00 часот се до завршување на превземената активност.

Поради чистење и дезинфекција на левата комора во резервоарот Драчево, пак, утре можно е да има намален притисок во населеното место Драчево во општина Кисела Вода.

Како што информира ЦУК-Скопје по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, корисниците ќе бидат без водоснабдување во периодот од 08:00 часот до завршување со дезинфекцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top