Дечињата од градинката „Сончоглед“ во Гевгелија речиси половина година пиеле вода загадена со арсен, кој е еден од најсилните отрови, сѐ додека раководните лица во градинката не го дознале тоа.
– Ги имам резултатите од водата од градинката. Запрепастувачки се. Нивото на арсенот во јануари изнесувало фрапантни 17,4 мерни единици, а максимално дозволени се 10. Децата таа вода ја пиеле можеби повеќе од половина година. Со години се обидувам да го решам проблемот со арсенот, но никој ништо не презема. Напишав отворено писмо до советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Седница на општинскиот Совет ќе има во вторник. Се надевам дека ќе реагираат некако – вели Панде Кацарски, поранешен советник во општината и човек што со години се бори да го реши овој голем проблем на гевгеличани.
Повеќе детали прочитајте во истражувањето на МКД.МК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


