| четврток, 6 декември 2018 |

Луксузен ресорт на Малдивите ја нуди работата од соништата

Книжара на Малдивите бара некој кој сака да работи таму. Станува збор за работа во ресортот „Soneva Fushi“. Во ова одморалиште одлучиле да одат чекор понатаму и да им понудат на гостите – библиотека за читање книги на плажа.

Човекот кој стои зад овој оглас за „Гардијан“ рекол дека платата е солидна , но придобивките кои доаѓаат со тоа работно место се неверојатни.

Идниот продавач на книги на пустиот остров ќе живее близу ексклузивниот ресорт и ќе ужива во сите погодности како и туристите. И за тоа ќе добива плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top