| четврток, 6 декември 2018 |

Баш пред референдум: Бројни вработувања во здравствените установи низ земјата (ФОТО)

Во наредните неколку дена ќе има околу четириесеттина огласи за вработување во јавните здравствени установи низ државава, велат упатени во оваа област за „Здравство“.  И сето ова се случува во период кога во тек е кампања за претстојниот референдум, што треба да се одржи на 30 септември.

Упатените во оваа проблематика посочуваат дека колку и да се потребни и да недостасува кадар во здравството, на овој начин ќе има доста пропусти во селекција на кадарот.

Или на крај се ќе се сведе на примарање на партиски подобни кадри, а не соодветен и квалификуван кадар. Вработувања или огласи за вработувања има во следните клиники, Клиниката за детски болести, Клиниката за радиотерапија и онкологија, во ЈЗУ Неготино, Велес и други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top