| четврток, 6 декември 2018 |

Британски „Економист“: Ако има Голема Албанија, ќе има и Голема Србија

Британски „Економист“ пишува дека Косово е подготвено, ако не го признае Србија, да се обедини со Албанија.  Весникот пренесува изјава на неименуван косовски функционер, кој за британскиот весник вели дека „секогаш има други опции“. Тој под тоа мисли, како што се објаснува во текстот, дека Косово доколку Белград не ја признае самопрогласената независност и не му овозможи членство во ОН, може да се определи за обединување со Албанија.

– Некои националисти во Србија, кои сфаќаат дека Косово е изгубено, би можеле и да го поздрават тоа. Ако постои „Голема Албанија“, тогаш тие би можеле да бараат „Голема Србија“, положувајќи право на српскиот дел од Босна, за што војуваше Милошевиќ, шпекулира Економист.

Се оценува и дека Белград и Приштина тешко можат да се договорат за размена на територии и оценува дека „измената на границите“ по етнички линии не би била лесна.

Идејата за размена на делови од териториите населени со десетици илјади луѓе буди и надежи и стравувања низ целиот Балкан и предизвикува политички вриења на самото косово, пишува економист.

– Ако Косово и Србија ги изменат своите граници по етнички линии, тоа би значело голема и најверојатно дестабилизирачка промена за целиот регион, се истакнува во текстот со наслов „пропаднаа плановите на Косово и Србија за размена на територии“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top