| четврток, 6 декември 2018 |

Кејлор Навас сака да си замине од Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, Кајор Навас, има намера да го напушти клубот во следниот преоден рок. Откако за „кралевите“ летово потпиша Бејлиецот Куртоа, повеќе од сигурно беше дека Костариканецот ќе го загуби почетното место во тимот. Тоа не му се допаѓа на 31-годишниот голман кој веќе размислува варијанти за промена на средината.

Во шпанските медиуми излегоа информации дека Навас дури имал и средба со претседателот на Реал Флорентино Перез, за ​​да му ја соопшти својата намера.

Перез му ветил дека нема да му прави пречки во евентуален трансфер и е подготвен да ги разгледа понудите за него, ако пристигнат такви во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top