| четврток, 6 декември 2018 |

Камила повреди шест деца во циркус, исплашеното животно почна да бега и да влече девојче…(Видео)

Исплашена камила повреди шест деца и едно возрасно лице кога на нејзините нозе едно дете фрли лопата, додека исплашените посетители на циркусот ја напуштија арената во Питсбург.

Две деца и едно возрасно лице ја јавале камилата во ППГ Пејнтс арената во паузата од програмата кога се случил инцидентот, пренесе АП.

Властите соопштија дека на едно дете му е скршена раката, додека останатие шест имале полесни повреди.
Рути Кестер која била во циркусот во тоа време изјави дека едно дете фрлило лопата врз нозете на камилата.

-Посетителите ги јаваа камилите и тие мирно одеа, а потоа едно дете фрли лопата врз нозете на камилата и таа почна да се рита, изјави Кестер.

По неколку минути Камилата е ставена под контрола и циркусот продолжил со програмата без никакви проблеми.

Животното притоа не е повредено, соопштија од циркусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top