| четврток, 6 декември 2018 |

„Ме шутираше на местото каде имав царски рез“: Беквалац искрена пред судијата

Поп пејачката Наташа Беквалац вчера во Првиот основен суд во Белград даде исказ по кривичната пријава за семејно насилство која ја поднесе против својот сопруг Лука Лазукиќ.

Нејзиното сослушување беше три и пол часа, а во текот на давањето искази не сакаше ни да го погледне Лазукиќ. Меѓутоа, покрај тоа што избегнуваа да им се сретнат погледите, прелетуваа тешки зборови.

„Наташа одговараше на прашањата на адвокатот на Лазукиќ кои инсистираа да го опише случувањето во нивниот стан, на што таа наводно рекла „Ме удираше по главата, рацете, ме шутираше на ранетото место каде имав царски рез и ме влечеше по подот“, наведува изворот за српскиот магазин „Ало!“ и додаде дека описот на Наташа за трагичното случување доведе до момент да го излуди Лука.

„Се е лага. Јас сум жртва. Таа ме удираше мене и треба нејзе да ѝ се суди“, бесно се изјасни Лука на судијата, додека неговите адвокати се обидуваа да го смират. Наташа не наседнала на неговите провокации и обвинувања, туку гледала на друга страна, тврди изворот.

На Наташа ѝ беше поставено прашање дали и порано имала напади на љубомора и зошто ги читала неговите пораки, на што таа одговори:

„Имав право како негова сопруга да видам кој му пишува во пет и пол наутро, судејќи по тоа што легнуваше во алкохолизирана состојба, а пораки пристигнуваа постојано“, наводно изјавила Наташа, по што Лазукиќ не сакал да искоментира.

По соочувањето со судијата, прв излезе Лука во придружба со своите адвокати. Новинарите ги прашуваа за коментар, по што еден од неговите адвокати изјави:

„Сега ќе ви излезе Наташа, па прашајте ја нејзе“, изјави иронично.

Од друга страна, правните законски претставници на Наташа изјавија дека се задоволни од постигнатиот исход.

„Задоволни сме од судењето. Наташа даде свој исказ, а следното рочиште е закажано за 1. ноември и тоа е се што имаме да кажеме“, изјавија законските претставници на Наташа за „Ало!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top