| четврток, 6 декември 2018 |

МВР ќе дели квалитетни пенкала: Склучен договор за репрезентативен материјал вреден 40 илјади евра

Министерството за внатрешни работи, преку електронскиот систем за јавни набавки, склучи договор за набавка на репрезентативен материјал, а проценетата вредност на „зделката“ изнесува 2.427.024 денари или околу 40 илјади евра.

Предмет на јавната набавка се роковници, пенкала, папки и брендирани рекламни траки.

Имено, според договорот склучен на 29 август годинава, МВР набавува хемиски пенкала по цена од 57 денари без ДДВ. Со ДДВ цената достигнува 67 денари за пенкало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top