| четврток, 6 декември 2018 |

По првата победа во сезоната, Вест Хем остана без еден од најважните фудбалери

Екипата на Вест Хем во неделата конечно ја забележа првата победа сезонава откако на гостински терен триумфираше над Евертон (1-3), но Мануел Пелегрини остана без услугите на двајца клучни фудбалери за периодот што следи.

Уште пред мечот со Евертон беше објавено дека Џек Вилшир ќе отсуствува подолго време од терените и дека  ќе мора да замине на операција. Станува збор за проблем со зглобот што лекарите не можеа да го санираат без хируршки зафат, па сега поранешниот ас на Арсенал ќе мора да отсуствува најмалку шест седмици од терените.

Уште поголем проблем за Пелегрини е повредата на Марко Арнаутовиќ, кој мораше да биде заменет неколку минути по постигнувањето на голот на „Гудисон парк“. Првичните информации се дека станува збор за повреда на коленото, сериозноста се уште не е утврдена, но се очекува Арнаутовиќ да ги пропушти наредните две средби на Вест хем, во кој лондонскиот клуб ќе има пеколно тешка задача, против Челси и Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top