| четврток, 6 декември 2018 |

Позната актерка брутално претепана од момчето

Колумбиската актерка Ајлин Морено призна дека  нејзиното момче крвнички ја претепало.

Таа зборувала за кошмарот кој го проживеала со Гарсија и тврди дека е изложена на брутално насилство, па одлучила да објави фотографии и снимки од отеченото и крваво лице.

Парот живее во Мексико, каде актерката побарала помош од полицијата. Сега сака да им помогне на другите жени, жртви на насилство во семејството, па започнала кампања. Многу познати личности, но и фанови, ја поддржале и ги изнеле сопствените искуства.

На 13. септември Морена гостувала на радио каде ги опишала деталите од злоставувањето. Таа раскажала дека се скарале со Гарсија поради нејзините постови на Инстаграм, по што му се заканила дека ќе се врати во дома.

Според нејзините зборови, Гарсија ја удрил кога од него го побарала пасошот за да се врати во Колумбија. После тоа се сокрила кај својот менаџер Габриел Бланко, а потоа отишла во полиција, од каде ја пренеле во болница за да побара лекарска помош.

Алехандро Гарсија на Инстаграм споделил аудио-снимка од јули 2018. година, која го илустрира нивниот однос. Актерката го пцуе и делува како да го удира. Гарсија најавил дека ќе објави и други содржини за јавноста да види која е “вистинската Ајлин”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top