| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми го предупреди Динамо за сонародникот: Елмас може да ни направи проблеми

Ждрепката од Лига Европа годинава донесе двобој на клубови во кои играат македонски репрезентативци, Динамо Загреб и Фенербахче. Елиф Елмас по дадениот гол против Коњаспор е во центарот на вниманието, а хрватските медиуми го прашаа Адеми што мисли за неговиот соиграч од репрезентацијата на Македонија.

– Еднаш бевме заедно во репрезентацијата, тоа беше против Лихтенштајн. Заедно во текот на мечот влеговме од клупа, јас тогаш дадов гол. Елмас? Физички многу снажен играч, одличен техничар и тркачки многу добар. Солидно ги одработува и дефанзивните задачи, но сега не сме во контакт. Ако тој игра на Максимир ќе мора многу да внимаваме. Елмас може на секој да му создаде проблеми. Но верувам во нашите играчи од средниот ред и на остатокот од тимот, верувам дека можеме до победа, вели Адеми.

Натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Фенербахче се игра во четврток со почеток од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top