Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември, Свети пророк Захариј и праведна Елисавета, Празник на родителите на Свети Јован Крстител.
Се верува дека на денешен ден родителите кои не ги крстеле своите деца треба да го сторат тоа или барем да го објават датумот на кој ќе ги крштеваат. А оние кои немаат рожба, би требало да се помолат и да не губат надеж.
Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.
Светите Захариј и Елисавета, чесни и побожни луѓе, биле разочарани затоа што немале деца, а бездетството тогаш се сметало за Божја казна за некој голем грев. Биле во длабока старост па и покрај деноноќните молитви упатени кон Бога, сè помалку верувале дека ќе добијат рожба. Еднаш додека Захариј служел во храмот му се јавил ангелот Гаврил и му соопштил дека ќе добие син, и да му стават име Јован. Захариј во моментот не поверувал поради што за казна онемел. Подоцна навистина добил син кому му ставиле име Јован. Тоа се случило шест месеци пред да се роди Исус.
За време на царот Ирод, кога наредил да се убијат сите деца до две години, за да биде убиен и новородениот цар јудејски, Захариј своето дете и Елисавета го скрил во пештера. Кога не можеле да го најдат детето војниците го убиле Захариј. Споменот на Захариј и Елисавета се празнува на 18/5 IX, а зачнувањето на свети Јован Крстител на 6. Х/23 IX. (Подготви Марко Китевски).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…