Најдобриот момент на овогодишното доделување на наградите Еми веројатно е предлогот за брак кој се случи на самата сцена.
Публиката со одушевување го проследи моментот кога Глен Вајс ја побара за жена саканата Џен.
Откако ја прими наградата Еми за режирањето на церемонијата Оскар, во својот говор тој откри дека пред само две недели ја изгубил неговата мајка, а потоа ги изненади сите со предлог за брак.
-Навистина сум благодарен што сум тука, но е слатко-горчливо. Личноста која би била најгорда во овој момент е мојата мајка, но таа почина пред само две недели. Моето срце е скршено, мислам дека никогаш нема да биде поправено, но таа е во мене и секогаш ќе биде. Мама секогаш веруваше дека треба да се пронајде сонцето во нештата и ја обожаваше мојата девојка Џен.
-Џен, ти си сонцето во мојот живот и мама беше во право – никогаш не го испуштај сонцето. Се прашуваш зошто не сакам да те нарекувам моја девојка? Затоа што сакам да те нарекувам моја сопруга – изјави тој, со што ја исправи цела публика на нозе.
Додека Џен со широка насмевка се упатуваше кон сцената, тој шеговито ѝ рече: „Сè уште те немам прашано.“
-Ова е прстенот кој татко ми ѝ го стави на прстот на мајка ми пред 67 години. А за моите сестри и брат, не го украдов, тато знае дека го имам, ок? Џен, сакам да го ставам на твојот прст овој прстен кој мајка ми го носеше, пред сите овие луѓе и пред мојата мајка и твоите родители кои нè гледаат одгоре. Ќе се омажиш ли за мене? – рече Глен и веднаш добри потврден одговор од неговата сакана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст