| четврток, 6 декември 2018 |

Средовечен маж синоќа паднал во дупка во кавадаречко, итно пренесен на скопските клиники

Средовечен кавадарчанец синоќа околу 22 часот паднал во дупка во кавадаречкото село Марена, а поради тешка скршеница утринава бил препратен на оперативно лекување во Скопје. Ова за МИА го потврдил хирургот Дано Кулев од Општата болница Кавадарци.

– Се работи за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше видно вознемирен. Тој доби соодветен медицински третман во болницата. Му направивме рентген и лабораториски испитувања. Беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје, појасни Кулев.

По паѓањето на кавадарчанецот во поголемата дупка, на местото биле повикани противпожарната и итната медицинска помош, кои помогнале да биде изваден повредениот човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top