Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.
Таквата можност е предвидена со Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи, што ќе ја потпишат денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.
Македонската Влада на 26 јуни годинава ја усвои декларацијата со која се отвора патот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија, откако по преговорите меѓу надлежните министерства во мај годинава беше усогласен нејзиниот текст.
Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината).
Со стапувањето во сила на декларацијата за реципрочното признавање на возачките дозволи во двете земји, сите граѓани на Македонија кои живееат или престојуваат во Сојузна република Германија веќе ќе нема потреба да полагаат теоретски и практичен тест, да посетуваат преглед за вид, и да ги поминуваат сите потребни процедури, информираа од Владата на РМ.
Македонските државјани во Германија сега со македонска возачка дозвола смеат да возат само во првите шест месеци од пристигнувањето. Потоа треба да полагаат за возачка дозвола, а цената е околу 1.500 евра.
Република Македонија досега има потпишувано договор за признавање на возачките со седум држави и тоа со Шпанија, Италија, Србија, Албанија Црна Гора, БиХ и Австрија. Во тек е склучување вакви билатерални договори со Косово, Турција, Германија, Велика Британија.Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка со Австралија и Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст