Младиот македонски пејач Виктор Апостоловски, тврди дека светската музичка ѕвезда Џастин Тимберлејк направил песна која е копирана од негова песна.
– Ај ве молам споредете ги почетоците на песните – напиша Виктор на Фејсбук и ја сподели неговата авторска песна „ПМС“, стара веќе една година, и песната на Џастин „Take back the night“ стара само еден ден.
– Почетоците на двете песни хармонски се идентични – вели Виктор.
Слушнете ги песните, па проценете сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


