Аналитичарот Сашо Клековски во вечерашното свое гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, соопшти вистинска бомба дека впрочем СДСМ ќе се обиде да го прикаже референдумот како легитимен со излезени 700 илјади гласачи што е всушност цели 203 илјади гласачи помалку од цензусот.
-Проценката е дека 700 илјади гласачи ќе го легитимираат референдумот, потенцира Клековски.
Претходно тој го истакна фактот дека проблемите со исполнувањето на цензусот кој во моментов ги има власта е поради тоа што владата на СДСМ ја исклучи опозицијата од целиот процес околу договорот и референдумот.
Имено тој вели дека владата на СДСМ донесе одлука за референдумското прашање без вклученост на ВМРО-ДПМНЕ, а состојбата дополнително се испроблематизирала поради фактот што тој е консултативен, додавајќи дека историски е оксиморон со консултативен.
-Ако побарам само мислење не може да биде историско, ако беше историско сите пратеници ќе гласаа за одлуката за референдум и ќе беше задолжителен, вели тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст